СТРУКТУРА
Државната матура во средните стручни училишта се состои од:
екстерен дел
- задолжителен (Македонски јазик и литература)
- изборен наставен предмет (странски јазик или математика
- два наставни предмета (еден општообразовен и еден стручен предмет) избрани од понудените листи
- проектна задача
- еден задолжителен наставен предмет (Македонски јазик и литература)
- еден изборен наставен предмет избран од листата на стручни настани предмети карактеристични за образовниот профил
- проектна задача
Државна матура / завршен испит се полага во два испитни рока:јунски и августовски испитен рок.Кандидатот кој за прв пат полага државна матура /завршен испит,ја полага во целина во истиот испитен рок.
Доколку од оправдани причини ученикот бил спречен да полага во јунскиот,тоа може да го реализира во августовскиот испитен рок.Во овој испитен рок може да полагат и оние кандидати кои во јунскиот испитен рок не положиле дел или сите испити од државната матура.
Во августовскиот испитен рок не може да се пријави ученик кој не бил пријавен во јунскиот испитен рок.За полагање на државна матура во август кандидатот се пријавува со поднесување на пријава во рок од два дена по објавувањето на конечните резултати од јунскиот испитен рок.Секој ученик кој се определил за полагање државна матура треба да пополни и достави
Секој ученик кој се определил за полагање завршен испит треба да достави пријава во училиштето каде што е запишан најдоцна 60 дена пред почетокот на јунскиот и најдоцна 30 дена пред почетокот на августовскиот испитен рок.
ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ во учебната 2008/09 годинаДржавната матура се спроведува во слeдните термини:
Екстерни испити
- Македонски јазик и литература на 11 јуни 2009 година со почеток во 09:00 часот (13 август 2009 година со почеток во 09:00 часот)
- Странски јазик,Математика на 13 јуни 2009 година со почеток во 09:00 часот (15 август 2009 година со почеток во 09:оо часот)
Интерни испити
-(изборни предмети) се спроведува во јунскиот испитен рок од 15 до 26 јуни 2009 година / во августовскиот ипитен рок од 17 до 27 август 2009 година
- Презентацијата и одбраната на проектна задача се реализира во периодот од 01 април до 08 мај 2009 година /од 17 до 27 август 2009 година.
Завршниот испит се спроведува во следните термини
- македонски јазик и литература на 15 јуни со почеток во 09:00 (на 17 август со почеток во 09:00 часот)
- изборните предмети во периосот од 17 до 26 јуни (од 19 до 27 август )
Нема коментара:
Постави коментар