четвртак, 30. април 2009.

ТЕХНОЛОГИЈА НА КОНФЕКЦИОНИРАЊЕ

Предметот Технологија на конфекционирање според наставниот план за образовниот профил конфекциски техничар од текстилно-кожарската струка се изучува во втора,трета и четврта година со 2.4 и 3 часа неделен фонд како задолжителен предмет и како изборен во трета и четврта година со 2 часа неделен фонд.
Наставната програма за втора година ги опфака следните наставни содржини:
  • Подготовка за производство на облека (конструкциска )
  • Технолошки процес на кроење (постилање,кроење и фиксирање на меѓупоставата)
  • Технолошки процес на шиење(обична шивачка машина,видови бодови,шевови и конци за шиење)
Наставната програма за трета година,како задолжителен предмет ги опфака следните наставни содржини:
  • Оперативна подготовка во индустријата за облека
  • Специјални машини за шиење
  • Шивачки автомати и агрегати
  • Пегли и преси за меѓфазно пеглање
  • Технолошка подготовка во индустријата за облека

Факултативна настава

Според наставниот план за образовниот профил текстилен техничар (ТТ) од текстилно-кожарската,во четврта година е застапена факултативна настава.
Во учебната 2008/09 година според наставната програма,факултативната настава опфака одбрани поглавија од следните наставни предмети.
  • Технологија на предење (предење на чешлано памучно предено)
  • Технологоија на плетење (плетење на кружноплетачки машини)
  • Технологија на доработка (белење и боење на метражна плетенина)
Учениците изработуваат семинарска на тема
„Плетење на кружно плетачки машини“
  • Плетење на jersey (десно-лева) плетенина на едноредни кружно плетачки машини
  • Плетење на plush (плиш) плетенина на едноредни кружно плетачки машини
  • Плетење на futter(подставна) плетенина на едноредни кружно плетачки машини
  • Плетње на fine rib(десно-десна) плетенина на дворедни кружно плетачки машини
  • Плетње на interlok плетенина на дворедни кружно плетачки машини
  • Плетње на piqe(пике) плетенина на дворедни кружно плетачки машини